Триесетдневен притвор му е одреден на 44-годишниот Т.А. кој пред два дена се обиде да силува малолетна ученичка во струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“.
Осомничениот, како што претходно информираше полицијата, се обидел полово да ја нападне 11-годишната ученичка.
Т.А. најпрво побарал девојчето да му покаже каде се наоѓа училишниот тоалет, а кога стигнале таму, ја бакнувал и допирал по телото. Во натамошната намера бил спречен од ученици кои во тој момент влегле во тоалетот.
Лицето, според евиденцијата на МВР, и претходно ѝ е познато на полицијата како сторител на вакви и слични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.