| четврток, 6 декември 2018 |

Богетиќ: Македонија е пример во регионот

Жељко Богетиќ, главен економист за Западен Балкан во Светска банка и автор на економскиот извештај за Регионот во 2013-та година вели дека квалитетот на економијата во Македонија е доста добар во однос на останатите земји од Западен Балкан, јавува дописникот на МРТ од Вашингтон

bogetikj-500-Климата за бизнис во Македонија доста напредуваше според индикаторите. Традиционално земјата има доста добро упарвување со јавните финансии и фискалниот дефицит. Јавниот долг е умерен нешто преку 30 проценти од БДП. Сето тоа упатува на квалитетно управување. Инвестициската клима ќе привлекува и натаму квалитетни странски инветсиции, што ќе води кон постепено намалување на големата невработеност на среден рок и зацврстување на економското закрепнување, изјави Богетиќ.

Тој додава дека Србија, Црна Гора и Албанија имаат голем јавен долг, но оти тоа не е проблем и во Македонија.

Како што јавува дописникот на МРТ, Богетиќ оценил дека кога зборуваме за буџетот, речиси сите земји мора да внимаваат на доцнењето на плаќањето на јавните расходи и би требало целосно да се елиминираат.

-Македонија направи значаен прогрес и ги советувам другите земји од Западниот Балкан да го следат примерот на Македонија, зошто овие доцнења влијаат врз инвестицискиот циклус и врз приватниот сектор, изјави Богетиќ.

Експертот прогнозира дека економското закрепнување на Западниот Балкан во 2013 ќе оди тешко поради рецесијата во Европа, додавајќи дека земјите треба да направат реформи на берзите на трудот и подобрување на инвестициската клима со цел да се намали невработеноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top