НУ Турски театар вечерва, со почеток во 19.30 часот, ќе ја изведе репризата на „Мизантроп“ од Молиер, во режија на Драгана Милошевски-Попова. Претставата е работена според делата на Жан Батист Поклен Молиер, Ла Фонтен и други. Драматург е Катерина Момева, сценограф – Кирил Василев, костими -Елена Вангеловска, композитор – Ирена Поповиќ, асистент на режија – Розета Петковска, асистент на драматург – Катерина Китоска, а асистент на сценограф – Енес Деари.
Улогите ги толкуваат: Алсест: Селпин Kерим, Селимена: Сузан Акбелге, Оронт: Џенап Самет, Филент: Неат Али, Елијанта: Билјана Јовановска, Арсиноја: Фунда Ибрахим, Клитандар: Зиба Радончиќ, Акаст: Аксел Мехмет и Баск: Осман Али.
Театарската трупа на Ла Фонтен ја сочинуваат: Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Сема Муртеза, Емине Халил и Жале Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.