| четврток, 6 декември 2018 |

Додворувајте се на сончево време

Сонцето влијае не само на расположението, туку и на љубовта. Речиси една петтина од жените го дале својот телефонски број во сончеви денови, а само 13,9 отсто од нив на облачно време, покажала една француска студија

xx-он-и-она--romantic--nature--Love--romance2--flirty--Couples--tota!!!!!--VinchCouple_largeВремето освен на расположението влијае и на вашиот љубовен живот, па така жените се поподготвени да ви го дадат својот телефонски број, кога е сончево, отколку на облачено време, покажало истражувањето спороведено од француски универзитет „Bretagne-Sud“ спроведено на 500 луѓе. Научниците утврдиле дека жените реагираат на “освојување” во мај и јули.

Мажите  разговорте ги започнувале со реченица. „Здраво, јас сум Антоан, и вие сте едноставно прекрасна. Сега брзам на работа, но би можеле да се најдеме на пијалок. Се надевам дека ќе ми го дадеш твојот телефонски број.” Истражувањето покажало дека речиси една петтина од жените го дале својот телефонски број кога времето било убаво, а  само 13,9 отсто од нив кога било облачно.

– Сонцето влијае на нашето расположение. Се чини дека сончевите зраци влијаат на флертувањето, и мажите се повеќе успешни во освојување на сончеви отколку на облачни денови – вели водечкиот истражувач Николас Гуаген од Универзитетот „Bretagne-Sud“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top