Регионалниот управител на Благоевград Муса Палев денеска потврдил дека Советот на општината во овој бугарски град донесол одлука со која за 50,000 лева или 25,000 евра ќе се откупува ретката архива со писма, дневници, предмети и печатени материјали кои што припаѓале на Тодор Александров, Јане Сандански, Васил Чакаларов, Ванчо МИхајлов, Димитар Думбалаков и други Македонски револуционери која што сега е во приватна колекција.
Приврзаниците на нерегистрираната партија на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин предходно протестираа против обидот архивата да биде откупена од Бугарската држава.
Спорот за архивата започнал пред две години кога под сомнение дека архивата ќе биде продадена на Државниот архив на Македонија таа беше одземена од сопственикот по што со судска одлука во Мај 2013 истата беше вратена.
Според проценката на бугарски експерти архивата е вредна 315,000 лева а Советот на општина Благоевград донесол одлука истата да биде откупена за 50,000 лева или 25,000 евра.
Според Бугарските закони архивата не може легално да биде продадена во странство а државата доколкју процени дека се работи за национално, културно или историско богатство може да ја откупи од сопствениците, на кои во случајов им биле упатени и закани дека не смеат да ја продадат во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст