| четврток, 6 декември 2018 |

Чеси пронашле понапреден начин за лекување рак

Чешките научници од Менделеевиот универзитет во Брно успеале да најдат начин како лекот да се транспортира директно во туморот и притоа да не се загрозат животните органи

Cancer-CellСега лековите кои им се даваат на болните од некој вид на карцином не само што делуваат против туморите, туку ги оштетуваат и виталните органи, што е еден од факторите кои негативно влијаат на оздравувањето на пациентите.

Чешките научници од Менделеевиот универзитет во Брно успеале да најдат начин како лекот да се транспортира директно во туморот и притоа да не се загрозат животните органи, јави дописникот на МИА од Прага.

Нивното откритие е познато под името апоферитин протеин и тој во својата шуплина го врзува лекот и го доведува точно на потребното место.

– Ја искористивме способноста на познатиот протеин апоферитин кој создава шуплини и во кој може да се затвори мала нискомолекуларна молекула. Во неа затворивме противканцероген лек, модерен цитостатик кој е многу кардиотоксичен. Токму поради тоа се бараат начини како лековите да бидат покорисни, а помалку токсични – објасни Војтех Адам, член на истражувачкиот тим.

На овој начин се избегнува ситуацијата кога цитостатикот се раширува низ целото тело и уништувајќи ги ,,болните” клетки ги напаѓа и здравите органи создавајќи дополнителни проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top