
На протестот пристигнаат демонстранти од сите делови на Хрватска, меѓу кои најбројни беа ветераните од војната од 1991 до 1995 година.
Организатор на протестот беше т.н. Штаб за заштита на хрватскиот Вуковар, кој најави дека ќе побара од Уставниот суд на Хрватска да се произнесе околу уставноста на официјализацијата на српскиот јазик.
Според пописот на населението од 2011 година, 34.87 проценти од жителите на Вуковар се Срби, со што согласно хрватското законодавство, српскиот јазик и неговото писмо можат да се користат во службена употреба во општината.
Хрватските националисти, како и голем број учесници во војната од 90-те години на минатиот век, се противат на ваквата законска одредба, која стапи во сила на 19 јануари. Тие организираа протест на 19 јануари, на кој беше побарано воведување мораториум на примената на оваа одредба во следните 20 години. Иститот ден, екстремно десничарската Хрватска партија на правото (ХСП) започна со собирање потписи на петиција за воведување на 10-годишен мораториум на оваа законска одредба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


