Ако Македонија беше дел од ЕУ, во периодот од 2014 до 2020 година ќе добиеше 3,7 милијарди евра помош , анализира Европската комисија.
Со новиот Инструмент за предпристапна помош (ИПА-2), ќе и‘ бидат достапни 595 милиони евра во следните седум години, пренесува МИА.
Од добиените 3,7 милијарди евра, како членка на ЕУ, Македонија ќе мораше да уплати средства во буџетот на ЕУ во висина од 739 милиони евра со што чистиот ќар од Брисел ќе беше во висина од 2,3 милијарди евра.
ако овде се пресметаат и речиси 600 те милиони евра што ќе ги добиеме како кандидат преку ИПА фондовите, тоа значи дека земјата за седум години ќе загуби 1,7 милијарди евра директна помош од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.