| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија ја преземa одговорноста за „русиот ангел“ и нејзините браќа и сестри

deca romi

Бугарските власти ќе ја преземат грижата за повеќето браќа и сестри на Марија, четиригодишното ромско девојче коешто беше наречено „русиот ангел“ откако беше откриено во ромски камп во Грција кај родители коишто биолошко не одговараа што предизвика голема меѓународно внимание поради сомневања дека станува збор за трговија со луѓе и грабнати деца.

Анализата на ДНК потврдила дека 36-годишната бугарска Ромка Саша Рушева е биолошката мајка на малата Марија чијашто руса коса и небесно сини очи кај грчката полиција поттикнаа сомневање дека станува збор за дете грабнато од источна Европа или Скандинавија, особено кога нејзините лажни родители признаа дека им е дадена од жена од странство.

Рушева и нејзиниот сопруг, и двајцата бугарски Роми, имаат уште девет деца на возраст од две до 20 години и живеат во тешка сиромаштија, во една просторија во урнатини од куќа во гратчето Николаево, 280 километри од Софија.

-Одлучивме четири деца да сместиме во алтернативни семејства. Две деца ќе бидат испратени во државни институции, а едно ќе го сместиме кај роднини –  изјави за бугарските медиуми социјалната работничка Дијана Канева. Додава дека мерките се привремени и оти социјалните служби ќе го поттикнуваат контактот меѓу децата и родителите.

Две од децата коишто се повозрасни од 18 години не се опфатени со мерките на социјалната служба.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top