Стевоски, за своите намери веќе ги известил актуелниот охридски градоначалник и официјален кандидат на СДСМ за трет мандат Александар Петрески и раководството на локалниот огранок кое, иако официјалниот став на СДСМ е бојкот на изборите, функционира како Изборен штаб, а го води пратеникот Митре Вељаноски.
Стевоски наскоро ќе ја официјализирал кандидатурата со 350 заверени потписи на поддржувачи, кои ги обезбедил, пред се, во членството на СДСМ, потоа меѓу активисти на невладини организациии и граѓани на Охрид.
Пред половина месец, Советот на Општинската организација на СДСМ од Охрид, со писмен став се огласи против одлуката на Централниот комитет на СДСМ за бојкот на локалните избори, закажани за 24. март оваа година. Во ова тело, составено од видни интелектуалци и поранешни функционери на партијата, на секретарската позиција е самиот Зоран Стевоски. Над 20 години тој е истакнат член и активист на партијата, а бил член на Претседателството на СДСМ во Охрид и на други функции.
Партискиот Совет на СДСМ од Охрид тогаш се произнесе дека најавениот бојкот на изборите од страна на опозицијата бил со негодување примен кај дел од членовите на Советот и мегу членството во Охрид. Според Советот се доведува во прашање „извесната победа на опозицијата во Охрид“, а истовремено се бара од кандидатот на здружената опозиција Александар Петрески сериозно и длабоко да ја респектира кандидатурата која беше утврдена по легална постапка на органите на партијата. Дури беше побарано третиот мандат, ако треба да го избори и како независен кандидат, што од него беше демантирано со цврст став дека ќе ја респектира одлуката на Централниот комитет на СДСМ за бојкот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст