| четврток, 6 декември 2018 |

Рома повторно ќе бара тренер

Неуспесите и реакцијата на тифозите му пресудија на искусниот Зденек Земан на Олимпико

Иако од Рома, по тешкиот пораз од Kаљари (2-4) забележан синоќа на отворањето на 23 коло во италијанското Калчо, беа воздржани околу иднината на тренерот Зденек Земан, денеска е потврдено дека тој веќе нема да го води тимот од Рим.  66. годишниот Чех добил отказ од претседателот Џемјс Палота, по петте меча без победа, кои ја симнаа Рома на осмото место во шампионатот.

За Земан кој во кариерата водеше дури 14 клубови од Апенините и плус, Фенербахче и Реал Сосиедад, ова беше второ искуство на клупата на Рома, но со десет тримфи во 23 средби, не беше ни близу до првиот многу поуспешен период (1997-1999. година) на Олимпико.

Во моментов нема најава кој би можел да го наследи Земан иако дел од Италијанските медиуми  го споменуваат поранешниот селектор на Франција Лоран Блан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top