Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) побара корисниците на во мобилни телефони со припејд-картички да ги регистрираат своите броеви кај телефонските оператори.
Регистрирањето на броевите, според Агенцијата, е потребно за да се спречи злоупотреба на непознатите телефонски броеви за нарушување на безбедноста на граѓаните. Иницијативата, како што пренесува МИА, била поддржана од трите мобилни оператори.
Регистрацијата на броевите може да се изврши на продажните места на телефонските оператори, со идентификување на претплатникот со валиден документ, со повикување на броевите 1233 (за Т-мобиле), 14181 (за Оне) или 140150 (за Вип). Корисниците ќе може да се регистрираат и преку СМС на истите броеви или преку интернет-страниците на операторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Регулаторите на Македонија и Бугарија разговараа за поевтинување на роамингот
-
Во АЕК граѓаните се жалат на високи сметки, мобилна телефонија и интернет
-
АЕК: Два виртуелни оператора заинтересирани за влез на македонскиот пазар
-
Помош од ЕУ за капацитетите на регулаторите во телекомуникаците и медиумите


