| четврток, 6 декември 2018 |

Разбеснет Американец уби петмина, меѓу кои две деца, а потоа и себе

juzna karolina ubistvo

Шест луѓе се убиени, од кои две деца во пукотница што се случила во гратчето Гринвуд во Јужна Каролина.

Локалниот шериф Тони Дејвис соопшти дека вчера во шест часот по локално време бил примен повик од човек во куќата во која се случило злосторството кој рекол дека „ќе се повреди“.

Додека помошниците на шерифот пристигнале на местото, примен е уште еден повик на 911 од соседството, кој соопштил дека во куќата пристигнале две деца и дека се слушнале истрели. Полицијата претпоставила дека станува збор за заложничка драма па повикале и експерт за преговори со киднапери, но бидејќи никој не одговарал од внатре, морало да интервенираат полициски специјалци.

Жртвите биле на возраст од 9 до 50 години. Според властите, убиецот на крај сам си пресудил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top