Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 75. седница на чиј дневен ред e предлог – одлуката за распишување оглас за избор на претседател на Државната изборна комисија.
Огласот ќе трае осум дена, а новиот претседател на ДИК се очекува официјално да биде познат по изменување на роковите. Предлогот за прв човек на највисокото изборно тело, сeпaк, треба да дојде од најголемата опозициска партија односно СДСМ. Од таму велат дека консултациите се во тек, a медиумите веќе посочуваат на одредени експерти и правници кои би можеле да дојдат на оваа функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.