28 годишна кинеска од градот Мулинг посакала малку авантура надвор од брачните активности, па решила партнер да побара на интернет, но тоа што следувало не можела да го замисли ниту во најголемиот кошмар.
Мажот желен за секс кој ја пречекал на договорениот состанок, бил нејзиниот свекор 57 годишниот Ванг Паи.
Но, драмата тука не завршила. Синот на Ванг, Да Јун, ги пронашол инкриминирачките пораки и тргнал во хотелот за да направи скандал. Кога видео кој е таму, на сопругата и скршил три заба, а на татко му му нанел тешки повреди на главата поради кои завршил во болница, пишува China Smack.
– Тешко е да се каже кој бил во поголем шок кога ја отворив хотелската врата- снаата или јас. Веднаш се заврте и потрча, но налета мојот син, изјави Ванг Паи кој не стигнал да му објасни на синот дека немал намера да ја изневери мајка му со неговата сопруга.
Свекорот се претставил на снаата како вдовец и директор на компанија со фотографија од пријател од војска, додека таа напишала дека сопругот и одлежува петгодишна затворска казна и пратила фотографија од нејзината пријателка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.