| четврток, 6 декември 2018 |

Топлиот октомври продолжува и утре

esen

И утре невообичаено топло време за крајот на октомври. Според прогнозата на Метеопро временските услови ќе бидат поволни. Не очекува сонце и сосема малку облаци. Ветерот во текот на денот ќе биде слаб, од променлив правец, а долж повардарието ветерот ќе дува од југоисточен правец. Температурата ќе достигне максимална вредност до 27°С во југоисточниот дел од земјата. Во останатите региони помеѓу 22°С и 25°С. Невообичаено топло ќе биде и во малешевијата, со максимална температура до 25°С. Сепак, утрото иако сончево, ќе биде доста свежо.

Во скопскот крај ќе имаме сончево време со температура до 25°С. Рано наутро температурата ќе се спушти до 4°С. Ветерот ќе биде слаб, од југоисток.

Погледнете ја деталната метеопрогноза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top