| четврток, 6 декември 2018 |

Делиите го оженија другарот со чадни бомби, бакљи и транспаренти (видео)

navijacko-vencanje-foto-s-radio-1383055743-388885

Навивачите на Црвена Звезда од Нови Сад му приредија неверојатно изненадување на нивниот другар Дамир Блануш кој викендов правеше свадба со неверојатен огномет со чадни бомби, бакљи и транспаренти.

– Во моментот кога излеговме од црква и кога младата се подготвуваше да го фрли бидермаерот се стана црвено бело… Чадни бомби имаше на секаде околу мене, а тогаш почна песната на Делиите „Добро знај дека секогаш тука сум јас“. Неколку секунди бев во дилеми дали да го симнам сакото, да ја оставам невестата и да влетам меѓу нив. Неверојатно чувство, искуство кое ќе го паметам целиот живот, рекол младоженецот.

На прашањето дали повеќе ја сака Црвена Звезда или невестата тој одговорил:

– Немојте да ми поставувате вакво прашање, но нека биде младата, рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top