| четврток, 6 декември 2018 |

Почина вработен во продавница на Баргала

bargala

фото Канал 5

56 годишниот штипјанец Стоилко Стоилков денеска починал од срцев удар на неговото работно место во фабричката продавница на Баргала, јави Канал 5.

Според информациите на телевизијата, во текот на денот во фабриката имало и протест на вработените поради пролонгирање на датумот за исплата на плата, но починатиот работник не бил меѓу штрајкувачите. За време на протестот, пак две жени побарале медицинска помош по што биле хоспитализирани.

Стоилов во тоа време додека ги извршувал работните задачи во продавницата на доживеал срцев удар, но и покрај интервенцијата на колегите, тој починал на пат до болницата. Менаџерите на фабриката негираат дека починатиот учествувал на протестот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top