| четврток, 6 декември 2018 |

Запросување во квизот на Сител

Во „Сител“ повторно некој запросува во живо. Но, овој пат тоа не се новинарите, туку учесници во квизот на Лила.

Во епизодата на „Сѐ или ништо“, која ќе се емитува попладнево, еден од учесниците во шоуто ја повика својата девојка да му помогне за изборот на кутија.

Откако ја замоли својата избраничка да отвори кутија, од џебот извади мала сина кутија во која се наоѓаше свршенички прстен. Следуваше вообичаеното прашање – кажи дали понудата важи?

По среќниот бакнеж на крајот, очигледно е дека таа кажала „важи“.

zaprosuvanje.jpg 2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top