Познатата водителка стана заштитно лице на нишката марка чанти „Ташна бај Ана Шурдиловиќ“. Што значи наскоро ќе ја видиме и првата чанта со потписот на Лила, која според неа со сигурност ќе го има принтот „I’m to sexy for my ex“.
– Чанти, маички, бањарки ќе се продаваат со потписот на Лила. За почеток, ќе има линија на чанти со нејзиниот лик и со нејзин потпис, кои за еден месец ќе бидат пуштени во продажба, и тоа само преку нејзината фан-страница на „Фејсбук“ – изјави администраторот на нејзината фан-страница, Спасе Јовановски, за „Убавина и здравје“.
Наводно, наскоро водителката ќе има и продавница, каде што клиентите ќе можат да купат перници со нејзиниот лик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


