Томи Стефановски реди успеси во маратонското пливање и на 42-годишна возраст, а ново признание за него доаѓа од Светската асоцијација за маратонско пливање на отворени води (WOWSA). Стефановски е номиниран во категоријата „маратонец на годината“, информира спортскиот портал „Екипа“.
За Македонецот може да се гласа на официјалната веб-страница на WOWSA.
На самата веб-страница има и куса сторија за Стефановски, а во неа се вели дека, и покрај шесте операции, од кои три на едно исто рамо, тој продолжи да се натпреварува и успеа да победи на една од најтешките трки во маратонското пливање, на Сан Жен во Канада. Томи е долги години дел од маратонското пливање откако се одлучи да го замени ватерполото со овој спорт, а WOWSA се воодушевува на неговата желба и истрајност иако има 42 години и две ќерки од кои е одвоен голем дел од годината, токму поради настапите на маратонските трки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


