За да ја зголемат одбраната од нападите на сомалиските пирати, безбедносните сили решија во борбата да ја вклучат и Бритни Спирс бидејќи веруваат дека така ќе спречат нови киднапирања.
– Безбедносниот тим се одлучи за нејзините песни бидејќи смета дека пиратите ќе ги мразат. Не можат да ја поднесат западната култура и музика, па затоа мислиме дека Бритни Спирс е совршено оружје – вели Рајчел Овенс.
Стивен Џонс од безбедносниот тим на шега рече дека на бродовите можат да користат и песни од други пејачи, но идејата им е да ги избркаат, а не да ги мачат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


