Заменикот на рускиот премиер, Дмитри Козак, вели дека ако во февруари 2014 година дојде топол воздушен бран, се обезбедени 500 илјади кубни метри снег.
Претходните месеци многу се шпекулираше дека временските услови во Сочи ќе бидат поволни за одржување на Зимските олимписки игри.
Путин и Бах присуствуваа и на свечена церемонија за отворање на новиот железнички терминал во градот, кој е специјално направен за ЗОИ. Претседателот на МОК по обиколката на терминалот и на сите борилишта ги пофали подготовките на Русија за Олимписките игри.
– Уверени сме дека Игрите ќе бидат величествени. Исклучително сум ви благодарен за напорот кој го вложивте последниве години за Олимписките игри да бидат организирани на највисоко можно ниво – нагласи Бах.
Зимските олимписки игри во Сочи се 22 во историјата и ќе се одржат од 7 до 23 февруари 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени