Лозарите од кавадаречко, незадоволни од продажбата на винарската визба „Винеа” ќе блокираат автопати, најави денеска регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци.
Блокадата ќе трае од 13 до 15 часот.
– Ќе ја блокираме клучката на излезот од Росоман кон правците Скопје, Прилеп и Кавадарци поради незадоволство од случувањата во винарската визба „Винеа” во селото Паликура. Бараме поништување на купопродажниот договор со кој е продадена винарницата за над милион и 250 илјади евра бидејќи знаеме дека вреди многу повеќе. Имаме поднесено приговор на таквата одлука, истакна претседателот на „Агротиквешија” Љупчо Аризанов.
Блокадата ќе биде секојдневна, а нејзиното времетраење постојано ќе се зголемува се до конечно решавање на случајот. Лозарите од „Винеа” побаруваат над 600.000 евра, а се плашат дека од продажбата ќе биде исплатена банката, но не и тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ попладнево го блокираа патот пред граничниот премин Ќафасан
-
ВМРО-ДПМНЕ од 15 часот со блокада на крстосниците кај Мавровка, Црвен крст, Нова Македонија и Соборна
-
Земјоделци го блокираа патот Росоман – Прилеп