| четврток, 6 декември 2018 |

Нема крај за маките на Балотели

Марио Балотели, младиот контроверзен фудбалер на Милан и на италијанската репрезентација, во понеделникот доживеа полесна сообраќајна несреќа.

Како што пишуваат италијанските медиуми, тој по тренингот во Бреша доживеал сообраќајна несреќа со неговиот автомобил.

Напаѓачот на Милан и возачот на другиот автомобил поминале неповредени, си размениле податоци и секој си заминал на своја страна.

Балотели во последно време поминува доста тешко време во редовите на Милан, против Барселона во Лигата на шампионите влезе како замена од клупата, а во мечот против Парма тој го напушти теренот во 52. минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top