Хакерска група, која се нарекува Сириска електронска војска (СЕА), тврди дека ја презела контролата врз профилите на американскиот претседател Барак Обама на „Твитер“ и на „Фејсбук“.
Групата СЕА го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, а претходно изврши кибернетски упад на веб-сајтовите на „Њујорк тајмс“, АФП и на други медиуми.
– Благодарение на нашата операција, го блокиравме пропагандниот линк на Обама на „Твитер“ – соопшти преку „Твитер“ групата СЕА.
По издавањето на соопштението, и двата профила на Обама изгледаа нормално, наведува агенцијата „Франс прес“, која не можела да добие потврда за упадот од Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.