Многу аналитичари ја споредуваат денешната ситуација во Азија и климата во Европа со онаа за време на Втората Светска војна, а преовладува и мислењето дека е прашање на време кога ќе се достигне врвот при што „скараните“ страни нема да се плашат да употребат атомско оружје, објавува порталот „Денешен“.
Комплекс згради во Њу Делхи каде се сместени најважните државни институции, од претседателската палата до министерства, опкружен е со полициски бариреи и тешко наоружани чувари.
Рохит Шарма од Индискиот институт за надворешни работи вели дека Индија е држава која е највеќе загрозена од тероризмот. Безбедносните служби проценуваат дека во Индија делуваат околу 800 терористички ќелии, од маоисти до екстремни муслимански групи кои се обучуваат во Пакистан. Во такви околности ниту една безбедносна мерка не е претерана.
Тероризмот е, меѓутоа само еден проблем на индиската национална безбедност. Поголема опасност претставуваат отворените претензии на Пакистан и Кина на делови на индиската територија.
Долж 4000 километри долгата граница на Кина и Индија е распоредена голема воена сила. Кина , како тврдат во Њу Делхи, довлекла 13 бригади и 23 дивизии за брзо распоредување, интерконтинентални балистички ракети, изградила три нови воени аеродроми. Индија од друга страна стационирала 80.000 војници, 30 авиони Сухој, далеку дострелни балистички ракети Агни В со домет до 3.500 километри кои носат конвенционална или нуклеарна боева глава. Пекинг, меѓутоа, највеќе се грижи за индиското тестирање на ракетите со домет од 5.000 км кои се, како што велат, насочени само кон Кина.
Индискиот воен буџет го достигна својот рекорд во 2012-та, дури 48 милијарди долари, а на лагер имала до 100 атомски бомби. Кинеската воена сметка е многу поголема и изнесува 129 милијарди долари, а Пекинг располага со 240 атомски бомби, од кои 180 се секогаш подготвени за лансирање. Големината на оружјето на Индија и Кина ја оправдува потребата за заштита на територијата, а покрај тоа, како големи извозници треба да го контролираат копнениот и морскиот увоз и извоз на производи.
Иако пакистанскиот воен буџет е скоро 8 пати помал од индискиот и изнесува само 6.32 милијарди долари, откако во 1947-та Пакистан и Индија стекнаа независност, тие две држави водеа спор за покраината Кашмир, помеѓу нив имаше дури четири големи војни, од 1947-та до 1949, 1965, 1971 и 1999. Се до денес спорот поради Кашмир е изворот на непрекината напнатост и погранични инциденти помеѓу тие две земји. Конфротацијата ја заострува воената и политичка поддршка која Русија ја дава на Индија, а САД на Пакистан.
На тромеѓето помеѓу Кина, Индија и Пакистан концетрирана е најголемата воена сила, поради тоа е, во безбедносна смисла, тоа е потенцијално најопасното место во светот. Кина има 2.285.000 војници, 7950 тенкови, 5048 воени авиони, 901 хеликоптер, 972 воени бродови, 63 подморници, повеќе од 240 стратешки ракети, додека Индија има под оружје 1.320.000 војници, 3.555 тенкови, 170 бродови, 15 подморници, 1.962 борбени авиони, 620 хеликоптери и 100 ракети. Пакистан има 617.000 војници, 3.490 тенкови, 75 бродови, 8 подморници, 1531 авион, 589 хеликоптери и 60 ракети.
Индискиот министер за надворешни работи Салман Кхуршида неодамна на мала група странски новинари им објаснил дека Индија се противи на целото наоружување кое започна во Азија.
-Веројатно трошиме премногу пари на оружје, но ние мораме да се заштитиме од непријателите. За разлика од некои наши пријатели, ние имаме нуклеарно оружје бидејќи сме опкружени со земји кои истото го поседуваат. Ние сме за свет без нуклеарно оружје, но, повторувам, мораме да се заштитиме, вели Салман.
Нестабилноста во тој дел од Азија уште повеќе ќе се зголеми кога од Авганистан ќе бидат повлечени НАТО-трупите, бидејќи никој не се сомнева дека тогаш власта повторно ќе ја превземат Талибанците.
Освен со Индија Кина има спор и со другите соседи. За Кина прашаnето со Тајван е приоритет.
Тајван прерасна во респектабилна вена и економска сила, чија вредност на трговска размена со странство достигна 526 милијарди долари годишно, поради тоа и понатаму ќе продолжи трката во вооружување помеѓу Кина и Тајван, но исто така и напнатоста во односите помеѓу Кина и САД, бидејќи Америка непрекинато воено, политички и економски го поддржува Тајван.
ИнакуЊу Делхи и Тајпеј заедно го обвинија Пекинг дека на почетокот од годинава објавил службена карта на територијата на Кина во која биле вклучени и делови од Индија, Северна Кореја, Виетнам, Тајван, Јапонија, иРепублика Кореја.
Истовремено Кина има сериозен спор со Јапонија за островите Диаоју и Сенкаку.
Воените и политички аналитичари се согласуваат дека азиското буре барут може лесно да експлодира и да предизвика трета светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трета светска почнува на 13 мај: Јасновидецот кој предвиде дека Трамп ќе стане претседател со ново страшно пророштво
-
Овој маж тврди дека се вратил од 2075 година: Открива кога ќе почне третата светска војна (видео)
-
Шефот на Space X предупреди: Трета светска војна може да биде предизвикана од вештачка интелегенција
-
Циглер тврди: Третата светска војна е во тек