Во царинска испостава Охрид во текот на измината седмица биле запленети 370 парчиња облека, информираа од Царинската управа на Република Македонија.
При извршена контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки управувано од македонски државјанин, натоварено со разна стока наменета за фирмата увозник од Тетово се пронајдени 64 парчиња дуксери, 80 пара хеланки и 226 парчиња машка долна облека сите со лого на заштитена трговска марка.
Доколку би биле оригинални производи на заштитените трговски марки нивната вкупна вредност би изнесувала 171.800.00 денари, велат од македонската Царинска управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.