Непозната вооружена група нападна денеска во Сирт комбе на Централната банка на Либија и украде 54 милиони долари во различни валути, јавија либиските медиуми.
Комбето е нападнато на патот меѓу аеродромот во Сирт и самиот град, 500 километри источно од Триполи. Во грабежот нема повредени лица.
Грабежот го извршиле десет вооружени мажи. Комбето парите требало да ги пренесе до експозитурата на Централната банка во Сирт.
Комбето го следело само едно возило за обезбедување, а чуварите, кои се наоѓале во него не успеале се справат со напаѓачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)