17 годишната Ајшварја Дахивал од Парбани, западна Индија, се обесила откако родителите и забраниле да користи Фејсбук. Нејзините родители сметале дека премногу време троши на Фејсбук и и забраниле да се логира, за да и остане време за аучење.
Следното утро го нашле девојчето обесено. За да нема дилеми зошто го сторила тоа, оставила порака во која објаснува дека причината за самоубиството е забраната за користење на фејсбук.
– Не можеме да поверуваме. Во шок сме. Само сакавме да се сконцентрира на студиите. Не ни помисливме дека ќе преземе ваков драстичен чекор – вели нејзиниот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.