| четврток, 6 декември 2018 |

Ховит: Македонија не може да остане во статус кво позиција

На Македонија ѝ е потребно во декември да добие датум за старт на пристапните преговори со ЕУ, објави „Телеграф“. Статус кво ситуацијата не е добра за земјата, истакна известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции посветена на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата во 2013 година.

– Коментарите што ги давам во Брисел јасно покажуваат дека оваа земја не може да остане во статус кво позиција. Не е во ред да се верува дека се одбиваат аспирациите за членство на оваа земја година по година, а секако има влијание врз напредокот. Верувам дека Европскиот парламент ќе се координира со Европската комисија околу препораката. Исходот од процесот ќе биде добар, но мислам дека тоа нема да го добиеме од Европскиот совет. Ставот на ЕК, на ЕП, како и мојот став е дека копенхашките критериуми се доволно исполнети. Не се работи само за вашите соседи, туку тоа се повеќе земји-членки на ЕУ. За тоа треба да дискутираме пред декември – што да направиме за да ги убедиме тие земји-членки што не се убедени дека копенхашките критериуми се доволно исполнети – речеХовит.

Според него, извештајот за напредок е особено важен и добар за земјата. Нема големи економски предизвици, но во поглед на законодавството, слободата на движење на капиталот и стоките има направено помалку работа.

– Но, мислам дека е важно да почнеме некои прашања што мораат да бидат разгледани во поглед на достигнувањата и понатамошни подобрувања што треба да се направат за земјата – рече Ховит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top