| четврток, 6 декември 2018 |

Сарај, Драчево и Аеродром утре без струја

07112011155414_struja

Поради зафати што утре ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД, утре ќе има повремени прекини во снабдувањето со струја на села во општина Сарај и на три улици на територијата на главниот град.

 

Од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат селата Дворце, Радуша и Орашје, на територијата на општина Сарај.

 

Од 9 часот до пладне струја ќе нема улицата Ратко Митровиќ во населбата Драчево, додека од 9 часот до 15 часот, пак, без струја ќе биде улицата Гарсија Лорка во населбата Шуто Оризари и викендиците во селото Долна Матка, како и дел од селото Копаница.

 

Од 14:30  до 17 без струја ќе бидат корисниците од објектот со број 14 на улицата Владимир Комаров во населбата Аеродром.

 

Прекините се поради унапредување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top