Леброн Џејмс е најдобар на истокот од НБА за месец јануари што е трето такво врзано признание за минатогодишниот МВП на сезоната. Просекот на бекот на Мајами е 27 поени, 8 скока, 7 асистенции и скоро две украдени топки, со тоа што во сите 12 меча од првиот месец во оваа година даде повеќе од 20 коша. На средината од јануари Леброн стана најмладиот играч со 20 000 поени во НБА, а во случајов, партнер од спротивната страна, во западната конференција му е Тони Паркер кој нема такви бројки, но го направи Сан Антонио најдобар клуб во моментов во лигата.
Еве ги и сите резултати од петочната програма, а меѓу нив највпечатливи се поразите на првакот Мајами и победата на Лејкерси во Минеаполис:
Индијана Пејсерс-Мајами Хит 102:89
Торонто Репторс-Лос Анџелес Клиперс 98:73
Бостон Селтикс-Орландо Меџик 97:84
Бруклин Нетс-Чикаго Булс 93:89
Детроит Пистонс-Кливленд Кавалирс 117:99
Њујорк Никс-Милвоки Бакс 96:86
Филаделфија-Сакраменто Кингс 89:80
Мемфис Гризлис-Вашингтон Визардс 85:76
Феникс Санс-Далас Маверикс 99:109
Јута Џез-Портланд Трејлблејзерс 86:77
Минесота Тимбервулвс-Лос Анџелес Лејкерс 100:111
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст