| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на изборот за најсексaпилен задник

Во средината на скандалот на бразилскиот натпревар за најсексапилниот задник, популарниот „Мис бум бум“, оваа година се најдоа две финалистки,  кои беа обвинети од другите кандидатки дека ги подмитиле судиите.

Имено, 25-годишната Мери Сауса и 24-годишната Елијана Амарал, наводно, ги платиле своите титули за првото и за второто место. Според изјавите на другите натпреварувачки, второто место Елијана ја чинело 18.000 фунти, а бројката за победата на Мери не е позната, меѓутоа се смета дека станува збор за двапати повисок износ.

Годинашниот избор за најсексапилен задник „Мис бум бум“ ќе се одржи на 15 ноември, но, според револтираните натпреварувачки, победничката е веќе позната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top