| четврток, 6 декември 2018 |

Сека направи скандал на „Модната недела“ затоа што останала без ВИП-место

Додека кај нас е во тек „Модниот викенд“, во Белград српските дизајнери своите креации од колекциите есен/зима 2014 година ги промовираат на „Модната недела“.

Настанот што деновиве го собра целиот моден свет, не остана покус ни за присуството на многу познати личности од регионот. На една од ревиите, поточно кај неговата сестра и дизајнерка Тамара, се појави и сопругот на Адријана Лима, Марко Јарич, заедно со нивната ќеркичка.

На ревијата, пак, на дизајнерот Бате Спасојевиќ,чиишто креации често се избор на многу пејачки од српската естрада, се појави и фолкерката Сека Алексиќ.

Револтирана што за неа не останало место во првите редови, фолкерката прво се бунела кај организаторите, а потоа и демонстративно ја напуштила ревијата, само затоа што сакале да ја сместат во задните редови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top