| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за охриѓаните што со секира нападнаа полицајци (фото)

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, СВР Охрид поднесе кривична пријава за Ј.П. (36) и Љ.К. (35) од Охрид, како и за Н.С. (52) за спречување на службено лице при вршење службено дејство, јави Охриднет.

sekira ohrid

Истражен судија на тројцата им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

sekira ohrid1

Полициската патрола на улицата „Даме Груев“ во Охрид беше упатена откако во СВР Охрид беше пријавено нарушување на јавниот ред и мир. Тука било констатирано палење гуми и несоодветно насилно управување на патничко моторно возило. Сега притворените кои биле видно под дејство на алкохол се приведени и лишени од слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top