Работничи ќе му биде домаќин на Апаве со пет негатива(75-70) од првиот дуел и со разнишана самодоверба, па 14 кратниот кошаркарски првак на Македонија и освојувач на 5 трофеи во Купот се наоѓа пред исклучително сериозна пречка уште во осмина финалето од најновото издание на најмасовното домашно натпреварување. Цела недела вест број еден меѓу кошаркарскиот свет овде, е поразот на екипата од Градскиот парк која има нов тренер и нови странски играчи, но сепак претрпе пораз од второлигашот со големи амбиции Апаве. Дуелот е од 19 часот и ќе се игра во малата сала од комплексот Борис Трајковски.
Двете денешни средби се инаку скопски бидејќи еден час порано на Кале ќе се сретнат Вардар и Пелистер. Во реваншот тие влегуваат од нула, со резултат 69-69, а мала е разликата и за последниот меч меѓу Струмица и Карпош Соколи бидејќи второлигашот на југот ќе носи само два позитива(62-60) од првите 40 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


