| четврток, 6 декември 2018 |

Лацио со победа останува во трка за првите места во Серија А

Со победата над Калјари од 2:0 извојувана синоќа на „Олимпико“ во Рим, во последниот натпревар од 9. коло во италијанското фудбалско првенство, екипата на Лацио се проби на седмото место, задржувајќи го чекорот со екипите од горниот дел на табелата

 

 

Головите за домаќинот ги постигнаа Мирослав Клосе во 52. минута и Антонио Кандрева три минути подоцна од пенал.

Постигнати резултати на другите средби од 9. коло во Серија А: Наполи – Торино 2:0, Болоња – Ливорно 1:0, Катанија – Сасуоло 0:0, Киево – Фиорентина 1:2, Јувентус – Џенова 2:0, Парма – Милан 3:2, Удинезе – Рома 0:1, Интер – Верона 4:2 и Сампдорија – Аталанта 1:0.

Табела: Рома 27 бода, Наполи 22, Јувентус 22, Интер 18, Фиорентина 18, Верона 16, Лацио 14,…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top