| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 30 загинати во напад во Пакистан

pakistan

Најмалку 31 загинат има во напад што се случи утрово на воен контролен пункт во одалечениот северозападен дел на Пакистан, соопштија претставници на таа земја.

За  нападот на контролниот пункт Лаки Марват одговорноста ја презедоа талибанците, кои истакнаа дека нападот е одговор на нападот на американски беспилотни летала во соседен Северен Вазиристан минатиот месец кога загинаа двајца талибански команданти.

Безбедносните сили соопштија дека најмалку 12 екстремисти и девет војници и цивили загинале во нападот, а телата на двајца екстремисти имале на себе бомбашки појас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top