| четврток, 6 декември 2018 |

Оливера Ѓорговска ќе се пробива на американскиот пазар

olivera gjorgovska

Пејачката Оливера Ѓоргоска, која веќе две години живее на Флорида, наскоро планира да ја промовира новата песна на англиски јазик. Песната и спотот се снимени ова лето, а промоцијата за Македонија ја најавува за деновиве, бидејќи есента за неа е најпогоден период за работа, пишува Вечер.

– Спотот треба да биде промовиран за некој ден, и тоа на една од нашите телевизии, за жал, јас нема да бидам во Македонија, се враќам следното лето. Песната е дело на Гоце Симоновски, човекот кој ги направи поголемиот дел од моите песни, а текстот е мој. Кога ќе бидат готови и останатите песни кои ќе бидат спакувани во мини-албум, имам во план да направам нивна промоција и низ Америка, а она што сакам да го откријам е дека моментално сум во преговори со една американска продукција – вели Оливера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top