| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Долорес Ламбаша не го обвинува актерот Стојан за смртта на неговата ќерка

djinolambasa-sibenikin

Таткото на починатата хрватска актерка Долорес Ламбаша не го обвинува актерот Стојан Матавуљ за смртта на неговата ќерка.

– Возач сум повеќе од 35 години и знам дека тоа секому може да му се случи, па и мене, Никогаш не би дозволил некој да биде осуден за нешто што не го сторил намерно. Не го осудувам Стојан затоа што не сакал да го стори тоа. Автомобилите и моторите во денешно време станаа најопасното оружје – вели Гино Ламбаша во разговор за хрватски „Индекс“.

Тој кажува дека Стојан им изразил сочувство.

-Можам да кажам дека тој во моментов минува низ пекол. Тој е во тежок грч и плаче, што да ви кажам. Беда и мака – вели Гино, кој воопшто не е заинтересиран за резултатите од токсиколошките испитувања кои ќе покажат дали Стојан во моментот на несреќата возел под дејство на алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top