Македонски книги ќе се најдат на полиците на српските книжарници. Во рамките на меѓународниот Саем на книгата, кој деновиве се одржува во Белград, „Матица македонска“ договори од почетокот на следната година во книжарниците на „Лагуна“ и „Делфи“ да бидат присутни и книги на македонски јазик. Според договорот, кај северниот сосед ќе ги има книгите за македонските манастири, македонските носии и везови, македонската резба, најновите прозни и поетски остварувања на соврмените македонски писатели итн.
Ова ќе биде првпат македонската книга на македонски јазик да биде присутна и достапна за нашите иселеници кои сакаат да прочитаат книга на македонски јазик. Во рамките на соработката ќе бидат остварени и неколку промоции на најновите дела од македонски автори во Белград, Нови Сад, Ниш и во Панчево.
Во продолжение, на претстојниот Саем на книгата во Загреб, предвидено е Матица да потпише меморандум за регионална соработка со издавачки куќи од Хрватска, Словенија, Босна, Црна Гора, Романија, Унгарија и Бугарија, договор преку кој Република Македонија и сите македонски издавачи ќе имаат можност за бесплатно претставување на сите саеми на книгата во посочените држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“