Сплитските бизнисмени Л.М. (64) и С. Г. (51) се приведени заедно со Ивица Ј. сопственик на сплитска модна агенција „Кристина“. Ивица се терети дека пронаоѓал 17 годишни девојки како клиентки за непознати мажи со кои за пари спиеле неколкупати во хотел. Уапсените бизнисмени се теретатдека три пати спиеле со малолетни девојки, а сексуалните оргии се одвивале во една викендица во околината на Слит. Девојките за услугите наплаќале околу 140 евра за класичен и орален секс. Бизнисмените ги носеле девојките на вечера, им поклонувале ситници, како парфеми и облека. Но вечерата не останала само на подароци.
Полицијата до овие податоци дошла откако ги прислушувала телефоните на осомничените. Се работи за семејни луѓе, женети.
Спорет последните законски измени во Хрватска казната затвор за сексуални односи со лица постари од 15, а помлади од 18 години е пет години. Предвидена е и парична казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.