Националната разузнавачка служба на Бугарија спречила сериозна закана по животот на еден македонски политичар, тврди поранешниот шеф на службата Кирчо Киров. Тој за софиската телевизија НОВА ТВ не сакаше да го открие името на македонскиот политичар.
Киров, како што пренесува А1 он, во истото интервју посочил дека во времето на поранешниот премиер Сергеј Станишев се случил скандал со 1,5 милиони лева кои биле за ослободување на киднапирана бугарска државјанка во Сомалија. Операцијата за ослободување и била доверена на француската служба, но Бугарија морала да плати одредена сума за трошоците за спроведување.
Киров рече дека тоа се криело, зашто би излегло на виделина дека се плаќа на терористи, а со тоа ќе зачестеле киндапирањата. Но според него, поголем скандал било тоа што Бугарија долго време не им плаќала на Французите, и тоа негативно се одразило врз нејзиниот авторитет. Трошоците ги платиле премиерот Бојко Борисов и ГЕРБ.
Тој појасни и дека посочениот Ахмед Доган не бил никогаш потенцијална опасност за премиерот Бојко Борисов. Според него, тоа било произволна инфорамација, а не и сигурно сознание дека се подготвува атентат врз Борисов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.