| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ несреќно загуби во последните секунди

Во СЦ Борис Трајковски пред полни трибини македонскиот шампион МЗТ Скопје несреќно загуби од Партизан во последните секунди од пе коло од јадранската АБА лига со 69-70.
МЗТ одлично го отвори резултатот и по само неколку минути игра водеше со десетина поени разлика. По еден вербален дуел со судијата од Словенија, Тодор Гечевски е исклучен од натпреварот. Искусниот тренер на Партизан Вујошевиќ го искористи тоа и успеа до полувреме да дојде и до минимално водство од 36-35. Незадржлив во првите 20 минути беше Кинсли со 18 постигнати поени. Во вториот дел тренерот на МЗТ со чести измени во составот се обиде да му парира на Партизан, но Чековски ја направи четвртата лична грешка и мораше да се пресели на клупата како би можел да го одигра финишот од мечот. Во еден период од третата четвртина Партизан поведе и со осум поени разлика. Во четвртата четвртина одлична игра на бековската линија на МЗТ. Костовски и Оташевиќ реализираа три тројки по ред и го доведоа МЗТ до три поени предност на две минути до крајот. Сепак искуството си го направи своето. Во последниот напад на еден поен разлика за МЗТ домашната екипа не успеа да реализира, а во контра напад Кинсли со забивање успеа да го доведе тимот на Партизан до победа.
Одличната игра на МЗТ во текот на сите 40 минути и без своите најдобри играчи, Војдан Стојановски, Дејвис и Николовски кои се повредени и исклучениот Гечевски ветува дека тимот од Аеродром може да се носи и со евролигашки тимови и со право може да се надева годинава за пласман во фајнлфорот во АБА лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top