| четврток, 6 декември 2018 |

Две момчиња повредени на патот меѓу Берово и Делчево

soobrakajna

Две млади момчиња заработија тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот меѓу Берово и Делчево. Несреќата се случила кај местото викано Сепарациа, кога од засега непознати причини се превртел автомобилот „Опел Астра“, зад чиј волан бил 24 годишниот виничанец М.В.

Автомобилот завршил крај коловозот, а возачот и неговиот сопатник, 25 годишниот Д.П. од Македонска Каменица заработиле тешки телесни повреди и биле пренесени во Здравствениот дом во Делчево. Поради сериозноста на повредите, момчињата биле пренесени во скопскиот Ургентен центар.

Во „Астрата“ патувал и С.А. од виничко Трсино, но, тој поминал без повреди.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top