Сирија навремено достави детален план за уништување на своите резерви на хемиско оружје, потврди денеска Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО).
Сириската Арапска Република на ден 24 октомври 2013 година ја достави до ОЗХО својата првична декларација, која се однесува на своето хемиско оружје, соопшти денеска меѓунардоната организација со седиште во Хаг, нагласувајќи дека според планот Дамаск тоа требал да го направи до денеска.
Договорот предвидува Сирија до средината на 2014 година да ги уништи резервите на хемиско оружје, а Дамаск првично требал да достави план за уништување на оружјето, во согласност со американско-рускиот договор постигнат минатиот месец.
Меѓународните инспектори почнаа со контрола на сириското хемиско оружје, а првиот месечен извештај на инспекторите што се однесува на нивната работа на терен од 1 октомври е подготвен и треба да биде испратен до Советот за безбедност на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!