| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија најави заштита од шпионирање

prislusuvanjeШвајцарија наскоро ќе пушти во употреба нова технологија со која ќе спречи шпионирање на комуникациите на својата влада, изјави денеска претседателот на земјата Ули Маурер.

– Ќе воведеме нова технологија во следните неколку дена или недела и тоа ќе ја подобри безбедноста во Владата, изјави Маурер во интервју за неделникот „Швајц ам Зонтаг“.

Маурер не изнесе повеќе детали за новата технологија и како ќе функционира истата, но истакна дека одлуката е донесена пред објавувањето на информациите за американското следење на комуникациите на светските лидери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top