| четврток, 6 декември 2018 |

Презвитер Тодоров: Фејсбук е добар и зол колку и луѓето

ivicaПо забраната за користење на социјалните мрежи за свештените лица, токму на Фејсбук се огласи и презвитер Ивица Тодоров.

„Знам дека ви е актуелна одлуката на Синодот на МПЦ – ОА со која на епископатот, презвитерјатот (свештенството) и монаштвото на нашата помесна Црква им се забранува користењето на facebook социјалната мрежа. Одлуката, таква, каква што ја читаме по медиумите е недефинирана и крајно нејасна и како таква истата може да се искористи од оние што не ја симпатизираат Црквата како сериозен аргумент во оправдувањето на некои нивни ставови и пропаганди!  Секој посветен и искрен ученик Христов и член на Неговата Црква, баз разлика дали припаѓа во рамките на служебното свештенство (епископи, презвитери, ѓакони) или во рамките на царското свештенство (лаикосот или верниот новозаветен народ Божји) (Матеј. 24. 45 – 51/ 1. Петар. 2, 9 – 10) знае дека ЗЛОТО не постои само по себе, туку истото е плод на не – добриот (злиот) избор. Ништо во овој свет не е ЗЛО само по себе, туку злиот избор на личноста што сака да живее во ЗЛО нештата ги прави ЗЛИ! “- стои во пораката на презвитер Ивица Тодоров, кој додава дека Фејсбук е добар и зол во иста мерка колку што се добри и зли луѓето што ја користат.

„Јас се ставам на располагање на епископатот на нашата помесна Црква, или конкретно на оние кои имаат сомнеж во социјалните мрежи, конкретно во Фејсбук со својот личен пример и искуство да им ги засведочам сите позитивни нешта кои можат да се искористат во современата мисија/ сведоштво на Црквата“- додава презвитер Ивица Тодоров – МПЦ – ОА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top