Во Струга почна тридневна меѓународна конференција насловена „Системот на Преспанските езера – Охридското Езеро: Актуелната состојба – проблеми и перспектива“ .
Како што соопшти МАНУ, на конференцијата ќе учествуваат голем број експерти од двете земји, како и научници од Грција и од други земји кои се вклучени во проекти за регионот на Преспа и Охридското Езеро. На отворањето на конференцијата попладнево ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, и претседателот на Албанската академија на науките, академик Мизафер Коркути. Најавено е и обраќање на министрите за животна средина на Македонија и Албанија, Абдилаќим Адеми и Лефтер Кока.
Конференцијата ќе заврши во вторник со тркалезна маса во албанскиот град Поградец, каде што се очекува да биде усвоена заедничка декларација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


